Мбапе ги пропушта натпреварите со Исланд и со Турција

45
ФОТО: EPA / TOLGA BOZOGLU

Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Килјан Мбапе, нема да биде дел од француската репрезентација на квалификациските натпревари за ЕП 2020 со Исланд (11 октомври) и со Турција (14 октомври). Играчот веќе ја напушти базата на националниот тим, пренесува „Л’Екип“.

Претходно ПСЖ упати барање до Фудбалската федерација на Франција за поштеда на Мбапе на следните натпревари на репрезентацијата. Парижаните се загрижени за состојбата на нивниот лидер, кој има повреден бутен мускул.

На местото на Мбапе во француската репрезентација повикан е напаѓачот на Борусија од Менхегладбах, Аласан Плеа.

ФОТО: EPA / TOLGA BOZOGLU

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...