Во Србија почнува меѓупартиски дијалог со посредство на Европскиот парламент

Изразувајќи надеж дека политичките актери „итно ќе најдат заедничко решение за надминување на сегашната состојба“, Мекалистер рече дека бојкотите „тешко се квалификуваат како одржливо демократско решение“.

49

Во српскиот Парламент денеска ќе се одржи првата средба на која претставниците на власта и опозицијата, со посредство на Европскиот парламент, ќе разговараат за изборните услови.

Претседател на Одборот за надворешни работи на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер, изјави дека партиите ќе треба да постигнат консензус за чекорите што сакаат да ги преземат со цел подобрување на работата во Парламентот и условите за одржување избори.

Изразувајќи надеж дека политичките актери „итно ќе најдат заедничко решение за надминување на сегашната состојба“, Мекалистер рече дека бојкотите „тешко се квалификуваат како одржливо демократско решение“.

– Нашиот предлог е да го олесниме процесот на меѓупартиски дијалог, партиите ќе мора да постигнат консензус за чекорите што сакаат да ги преземат за да се подобрат условите за работа во Парламентот и за одржување парламентарни избори – рече Мекалистер.

Партиите од владејачката коалиција најавија дека ќе учествуваат во разговорите во српскиот Парламент, додека пратеникот на Српската радикална партија (СРС) Александар Шешељ побара состанокот со поранешните европратеници да се откаже, оценувајќи дека со нивното доаѓање се понижува највисокото законодавно тело и оти Парламентот сам треба да ги решава своите проблеми.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...