Времето во земјава во утринските часови локално ќе има зголемена облачност, но преку денот облачноста ќе се намалува. Во попладневните часови ќе преовладува малку до умерено облачно време со умерен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе биде во интервал од четири до 12, а дневната температура од 18 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со умрен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе достигне до осум степени, а дневната температура до 23 степени.
Во наредните денови ќе се задржи претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура. Утринските температури и понатаму ќе се задржат за неколку степени над нулата.