Антикорупциска работи на предмети за струшкото и охридското крајбрежје, како и за Матка

220
ФОТО: МИА

Државната комисија за спречување корупција има отворено посебни предмети за струшкото и охридсктото крајбрежје, како и за платформите на Матка, потврди претседателката на комисијата Билјана Ивановска во „Топ Тема“ на телевизијата Телма.

– Работиме на нив, се собира потребната документација и мислам дека ќе излеземе со конкретни резултати – рече Ивановска.

Таа вели дека комисијата дала иницијативи за сите три предмети до обвинителството но неговото делување по нив не зависи од Антикорупциска.

Ивановска рече дека некои од институциите си ја завршиле својата работа, особено инспекторатите во предметот за Макта и нивните записници биле користени од Антокорупциска. Таму проблемот бил игнорирањето од страна на градоначалникот кој не донел никаква одлука по предметот ставајќи ги институциите во мат позиција, вели таа.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...