Мислењето за Законот за употребата на јазиците во Република Северна Македонија на Венецијанска комисија е одложено, информира прес-службата на Комисијата, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Извештајот беше ставен на дневен ред на 120-та пленарна сесија на Венецијанската комисија закажана за 11 и 12 октомври во Венеција. Комисијата беше поканета да размени мислења со претставникот на Северна Македонија, да го разгледа, во поглед на неговото усвојување, нацрт-мислењето (ЦДЛ (2019) 031) за законот за јазици (ЦДЛ-РЕФ (2019) 019), изработени врз основа на коментари од Кинер, Велаерс, Вермеулен и Шеу (експерт ДГ-II).
Причините за одложувањето на разгледувањето и усвојувањето на извештајот од Стразбур не се наведуваат, иако тој се уште стои на дневниот ред на комисијата.
За време на состанокот во Венеција предвидена е и размена на мислења со Европскиот комесар за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан