Телевизијата 24 дознава дека Владата побарала од Венецијанската комисија да го одложи кончениот став за Законот за јазици. Телевизијата повикувајќи се на извори од Владата јавува дека освен одложување на заклучоците, побарани се и дополнителни консултации за законот, кој според неофицијалните забелешки на Комисијата кои ги објави Плусинфо, е неспроведлив и потребно е да се ревидира.
Дека заклучоците ќе доцнат денеска најави и вицепремиерот Бујар Османи, кој не сакаше прецизно да одговори дали ДУИ ќе ги прифати забелешките и ќе дозволи нова интервенција во законот. За него, законската рамка е добра каква што е и го заокружува Рамковниот договор, а секое враќање назад вели, ќе донесе и нови преговори.
– Мислам дека имаме подеднакви ставови во владата дека овај закон е добар и треба да продолжи да се импелемнтира. Да оставиме Венецијанската комисија да излезе со конечниот извештај па ќе видиме што може да одговара на нашиот политички контекст, што е спротивно од нивните согледувања, спротивно од Рамковниот договор од нашите погледи како треба да го развиеме нашето мултиетничко општество и мултиеничка држава – изјави Османи.