Боки 13 вратен во „Шутка“ по укажаната лекарска помош

436

Бојан Јовановски (Боки 13) е вратен во притворот во затворот во Шутка, откако денеска колабираше за време на давање на исказот  во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција пред обвинител за предметот „Рекет“, во кој тој е првоосомничен.

Директорот на затворот „Скопје“, Есад Рахиќ за МИА потврди дека Јовановски е вратен во притвор по укажаната лекарска помош во ГОБ „„8 ми Септември“.

Бојан Јовановски попладнево на носилка беше изнесен и со возило на брза помош и полициска придружба замина од Обвинителството.

Неговиот адвокат Сашо Дуковски изјави дека Јовановски колабирал и не бил контактибилен.

– Се случи непријатна сцена, она што се случува последните 40-50 дена, односно од кога е притворен. Почна да повраќа и колабираше, не беше котактибилен. Повикана е Брза помош и однесен е на понатамошна опсервација, не знам во која клиничка болница дали во „8 Септември“ – рече Дуковски.

Тој посочи дека има мислење од Клиниката за торакална хирургија дека е неопходна хоспитализација на Јовановски заради целокупната здравствена состојба.

Дваесеттина минути по доаѓањето на Јовановски, во Обвинителството пристигна медицинската екипа и тој беше однесен во ГОБ „8 Септмеври“.

Освен Јовановски, во случајот „Рекет“ се осомничени и Зоран Милевски-Кичеец и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...