Федерер во третото коло на мастерсот во Шангај

89

Швајцарецот Роџер Федерер го совлада шпанскиот тенисер Алберт Рамос Вињолас со 6:1, 7:6, и се пласираше во третото коло на Мастерс 1000 турнирот во Шангај.

Федерер беше доминантен во првиот сет, а во вториот имаше и неизвесност, но сепак искусниот Швајцарец не дозволи да се игра трети сет, иако Шпанецот водеше со 4:2 во тај-брејкот. Мечот траеше 86 минути.

Во следното коло, Федерер кој е втор носител, за противник ќе го има Давид Гофан или Михаил Кукушкин. Федерер го освојуваше турнирот во Шангај во 2014 и 2017 година, и ја брка својата 29-та титула од Мастерс 1000 серијата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...