Бојан Јовановски Боки13-ка со количка беше изнесен и со возило на Брза помош и полициска придружба замина од Обвинителството за гонење организран криминал и корупција. Четворица ја кренаа количката за да го спуштат Боки по скалите во Обвинителството.
Медицинската екипа пристигна во Обвинителството дваесетина минути по доаѓањето на Јовановски, кој како првоосомничен денеска требаше да дава исказ за „Рекет“, по извршениот увид на доказите.
Тој со полициска придружба беше донесен во Обвинителството од КПУ Затвор-Скопје, каде што издржува мерка притвор.
Освен Јовановски, во случајот „Рекет“ се осомничени и Зоран Милевски-Кичеец и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.