Пет занимливости за Нобеловата награда

Историчарите во 1980-тите години ги запреа озборувањата дека партнерката на Алфред Нобел имала афера со математичарот Госта Митаг-Лефлер и дека тоа е причината зошто пронаоѓачот не сакал да им даде награда на математичарите.

467

Нобеловата награда од 1901 година, во согласност со тестаментот на Алфред Нобел, им се доделува на мажи, жени и организации што со својата работа дале голем придонес за човештвото.

Следуваат пет занимливости за наградата и нејзиниот основач:

Поетот Алфред Нобел

Алфред Нобел влезе во историјата како пронаоѓач на динамитот. Но, тој исто така бил вешт поет и вљубеник во стиховите на Шели и Бајрон.

Пишувал песни целиот свој живот, понекогаш на мајчиниот шведски, но повеќето на англиски јазик.

– Немам ни најмала намера своите стихови да ги наречам поезија. Пишував и пишувам само за да ја ублажам депресијата или да го подобрам мојот англиски јазик – напиша Нобел во писмо до пријател.

Во 1862 година, на 29-годишна возраст, Нобел го преиспитувал својот литературен талент. „Физиката е мојата област, а не пишувањето“, напиша на француски во писмо до една млада жена.

Во годината на неговата смрт, 1896, тој напиша скандалозна трагедија во четири чина „Немесис“. Тој бил инспириран од драмата на Шели, „Ченчи“, за жена која го убила својот инцестуозен татко во Рим во 16 век.

Наградувани семејства

По првите доделувања на Нобеловата награда, шест деца тргнаа по стапките на своите родители и самите станаа добитници.

Седмото дете, Лоренс Брег, ја освои наградата за физика заедно со својот татко Вилијам во 1915 година. Тоа, според Нобеловите стандарди, било во неговите „нежни години“. Имал само 25 години.

Семејството Кири вкупно освои четири награди, а петтата ја „стекна“ со венчавка.

Две ѝ припаднале на Марија Кири, која сè уште е единствената личност што може да се пофали со тоа. Таа ја подели Нобеловата награда за физика во 1903 година со сопругот Пјер. Нобеловата награда за хемија ја освои во 1911 година.

Најстарата ќерка на Ирена добила Нобелова награда за хемија заедно со сопругот Фредерик Жоли во 1935 година.

Помладата сестра на Ирена, Ева Кири, е единствената во семејството која не избрала научна кариера, се омажи за Хенри Ричардсон, добитник на Нобеловата награда за мир во 1965 година, кога беше на чело на УНИЦЕФ.

Швеѓанецот Гунар Мидал ја освои Нобеловата награда за економија, а осум години подоцна неговата сопруга Алва ја освои Нобеловата награда за мир.

Добитници на награди во отсуство

Од 1901 година, петмина добитници на Нобел не можеле да учествуваат на свечената церемонија на доделување на наградите во Осло.

Германскиот новинар и пацифист Карл фон Осецки бил во нацистичкиот концентрационен логор кога бил прогласен за победник во 1936 година.

Кинескиот дисидент Лу Сјаобо беше во затвор во 2010 година, а рускиот дисидент Андреј Сахаров во 1975 година го претставуваше неговата сопруга Јелена Бонер.

Поранешниот полски претседател Лех Валенса во 1983 година ја одби поканата за доделување на наградите во Осло, затоа што се плашеше дека нема да му биде дозволено да се врати во Полска.

Опозициската лидерка во Мјанмар, Аунг Сан Су Чи, беше во домашен притвор кога во 1991 година ја доби Нобеловата награда. Иако ѝ беше дозволено да патува во Осло, таа ја одби поканата од истата причина како Валенса.

Зошто нема Нобелова награда за математика?

Историчарите во 1980-тите години ги запреа озборувањата дека партнерката на Алфред Нобел имала афера со математичарот Госта Митаг-Лефлер и дека тоа е причината зошто пронаоѓачот не сакал да им даде награда на математичарите.

Постојат две веројатни објаснувања зошто нема награда за математика.

Кога Нобел во 1895 година го правел својот тестамент, во Шведска веќе постоела награда за математика и немало потреба од друга.

На почетокот од 20 век, применетите науки беа на милост на јавноста и професијата. Придонесот на математиката за човештвото не беше толку очигледен како што е денес.

Постхумни награди

Статутот на Нобеловата фондација од 1974 година не предвидува постхумно доделување на наградата. Пред таа промена, само две лица освоија Нобел по нивната смрт.

Генералниот секретар на ОН, Швеѓанецот Даг Хамаршол, загина во авионска несреќа во 1961 година, но беше прогласен за добитник на Нобелова награда за мир подоцна истата година.

Во 1931 година, Нобеловата награда за литература му беше постхумно доделена на друг Швеѓанец, Ерик Аксел Карлфелт.

Одборот во 2011 година му додели Нобелова награда за медицина на Канаѓанецот Ралф Стајнман, не знаејќи дека докторот починал три дена пред објавувањето на победникот и таа награда е признаена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...