Облечете се добро, свежо и ветровито време денеска

Во наредните денови ќе се задржи претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура. Утринските температури и понатаму ќе се задржат од неколку степени над нулата и повисоки.

172
20151002 Friday 1416 toplo vreme soncevo vreme sonce esen park

Изутрина ќе има зголемена облачност, а на југостик ќе има повремен дожд. Врнежите попладне ќе престанат, а од север облачноста ќе започне да се намалува. Поради постуден воздух кој ќе се прошири од север преку денот ќе остане свежо. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе биде во интервал од пет до 13 степени, а дневната температура од 11 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со намалена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе биде во интервал од седум до 18 степени.

Во наредните денови ќе се задржи претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура. Утринските температури и понатаму ќе се задржат од неколку степени над нулата и повисоки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...