Хаос и колапс на владата во Скопје се потенцијална закана доколку ЕУ не даде зелено светло за почеток на преговори со Северна Македонија.Тоа ќе биде јасна порака дека можете да преземате тешки чекори и на крај да не бидете наградени, вели во интервју за Гласот на Америка вишата потпретседателка за Европа, Евроазија и Арктик Хедер Конли од Центарот за стратегиски и меѓународни студии.
„Треба да биде наградено тоа што го постигнаа Северна Македонија и Грција со Договорот од Преспа и ставија крај на 27-годишниот спор. Битно е да се нагласи дека постапката во НАТО беше брза. Речиси секоја членка на НАТО, го ратификуваше договорот. Комисијата за надворешни работи при Сенатот на САД, исто така даде зелено светло. Недостасува уште гласањето во Сентот. Верувам дека тоа е поради други бројни домашни политички предизвици и случувања. Но, во право сте. Сенатот треба што поскоро да ја направи таа работа. Мислам дека има уште две земји во кои треба да помине низ парламентарните процедури. Но, се надевам дека најдоцна до пролет, 2020 година, ќе ѝ посакаме добредојде на Северна Македонија како 30та членка на НАТО“, вели Конли.
Целото интервју може да го прочитате ТУКА