Авион принудно слета во Филаделфија, му експлодирал мотор

613

Авион на американската компанија „Саутвест ерлајнс“ на летот од Њујорк за Далас, принудно слета денеска на филаделфискиот аеродром, бидејќи му експлодира левиот мотор, а деловите оштетија неколку прозорци.

Засега не се знае дали некој е повреден во инцидентот.

– Во авионот Боинг-737 се наоѓале 143 патници и пет членови на екипажот – соопшти компанијата.

Патникот Марти Мартинез на Фејсбук објави снимка на која носи маска со кислород и вели:

– Нешто не е во ред со нашиот авион! Изгледа дека се спуштаме! Итно слетување! Лет „Саутвест“ од Њујорк за Далас“.

Филаделфискиот аеродром објави на Твитер дека авионот на летот 1389 на релација Њујорк-Далас „безбедно слета во Филаделфија и патниците се однесени до терминалот“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...