Груевски останува во Будимпешта, Унгарија вторпат одби да го екстрадира

430
Photo: EPA/ZOLTAN MATHE

Експремиерот Никола Груевски останува на слобода во Будимпешта бидејќи Унгарија нема да го екстрадира ни за настаните во Собранието од 27 април. Унгарските власти и официјално ја известиле Македонија дека нема да го екстрадираат Груевски.

– Примено е известување дека Врховниот регионален суд донел конечна одлука дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на Никола Груевски, бидејќи на негово барање одобрен му е азил во Унгарија. Во согласност со актот бр. 38 за меѓународна правна помош во кривични предмети, лице на кое му е дадено азил нема да се екстрадира во државата од која избегал – велат од Министерството за правда.

Унгарија веќе одби да го екстрадира поранешниот македонски премиер за предметот „Тенк “..

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...