Баерн Минхен ќе биде без Артуро Видал до крајот на сезоната, потврдија официјално од германскиот шампион.
Видал ќе го пропушти полуфиналето во Лигата на шампионите со Реал Мадрид, како и евентуално финале на турнирот во мај.
Чилеанскиот репрезентативец беше подложен на операција на коленото во Аугсбург.
Баерн веќе ја освои титулата во Германија, а тимот, предводен од Јуп Хајнкес, може да освои „требл“. За таа цел, тимот од „Алијанц Арена“ мора да го обезбедат Купот на земјата и да триумфираат во Лигата на шампионите.
Во меѓувреме, менаџментот на Баерн договори пријателски средби со Манчестер Сити и Јувентус во САД на крајот од јули. Баварците ќе играат со Сити на 28 јули во Мајами, а три дена претходно ќе се соочат со Јувентус во Филаделфија.
Големата турнеја на Баерн Минхен во САД ќе биде помеѓу 23 и 30 јули.
Фото: ЕПА/RONALD-WITTEK