Италијанците, по 65 години, повторно ќе играат во зелени дресови

173

На претстојниот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2020 година меѓу фудбалските селекции на Италија и Грција, на 12 октомври, домашните ќе настапат во некарактеристични зелени дресови.

Иако зелената боја ја има и тоа како прва во знамето на Италија, сепак, спортските репрезентации на оваа земја се познати под прекарот „аѕури“, затоа што носат опрема во азурно сина боја.

Инаку, нема да биде првпат во историјата Италијанците да играат со зелени дресови. Тие и пред 65 години на „Олимпико“ во Рим кога победија со 2:0, исто така, се појавија во зелена боја. Објаснувањето е дека бојата е инспирирана од ренесансниот период и е во чест на многу млади играчи кои придонесуваат за напредокот на италијанскиот репрезентативен фудбал

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...