Правна шлаканица за Владата. Ова е коментарорт на ВМРО-ДПМНЕ за драфт заклучоците на Венецијанската комисија за законот за јазиците, во кои како што објави Плусинфо, се наведува дека законот ќе го загрози функционирањето на правниот систем особено во делот на судските постапки и висината на казните.
ВМРО-ДПМНЕ бара од функционерите да понесат политичка одговорност од морални причини. Од партијата на Христијан Мицкоски реагираат и на отфрлањето на барањето за повлекување од дневен ред на Законот за инспекторат на јазиците за кој тврдат дека нема основа да се носи во услови кога има препораки за ревидирање на Законот за употреба на јазиците.
– Пазарењето на премиерот Зоран Заев да формира влада со носење на нефункционални закони резултираше со препораки од Венецијанската комисија коишто се правна шлаканица правна шлаканица за целата Влада – изјави пратеникот Антонијо Милошоски.
Тој побара веднаш да се повлече и Закон за инспекторат за употреба на јазиците кој е во собраниска процедура. Тој рече дека Законот од 2008 година е применлив, и дека можеби треба само малку да се прилагоди.
Неговиот колега Илија Димовски од собраниска говорница укажа дека владејачкото мнозинство го изгласа законот пред да ги консолидира забелешките од Комисијата и дека ветиле имплементација на препораките од Венецијанска..
– Јас ќе потсетам дека премиерот и претседателот на ДУИ ако не се лажам и мнозинството на пратеници во дискусиите велеа дека тоа што ќе го прати Венецијанската Комисија ќе биде внесено во Законот – реагираше Димовск.