Уапсената руска новинарка не е обвинета за шпионажа, тврди портпаролот на иранската Влада

100

Руската новинарка Јулија Јужик, која е уапсена во Техеран, не е обвинета за шпионажа, туку за кршење на законот за визи и нејзиниот случај се работи по забрзана процедура, изјави денеска портпаролот на иранската Влада, Али Рабиеи.

– Нејзиниот случај е за кршење на законот за визи и се работи по забрзана процедура – рече Рабиеи.

Иранскиот амбасадор во Москва е повикан во петокот во Министерството за надворешни работи на Русија поради апсењето на Јулија Јужик.

Поранешниот сопруг на руската новинарска Борис Војцеховски претходно на Фејсбук објави дека Јулија го повикала од притвор, наведувајќи дека се соочува со обвинение дека го шпионирала Иразел.

Новинарката во Иран се наоѓа од 1 октомври.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...