Во последните 24 часа во Европа биле забележани повеќе од 50.000 удари на гром, а најмногу имало во подрачјето на Италија, Словенија, Истра и северна Хрватска.
Невремето пропратено со грмотевици, кое ја зафати Европа, донело со себе големо количество дожд, а некаде и град.
Метео сервисот „Ведер Јуроп“ информира дека на подрачјето во јужна Австрија имало град и поплави.
Во Грац улиците биле поплавени, а сообраќајот отежнат, додека делови на јужна Австрија биле погодени од град.
Невремето не ја заобиколи ниту Словенија.