Димитров за датумот за Македонија и Албанија: Две е подорбро од една, но и една е подобро од нула

Нашата позиција како Австрија е јасна. Веруваме дека и двете земји и Северна Македонија и Албанија треба да бидат поканети од страна на Брисел и да почнат преговори, смета австискиот министер за надворешни работи, Шаленберг.

112

Австриската позиција е јасна – Северна Македонија и Албанија треба да добијат датум за почеток на преговори на претстојниот Европски совет, следната недела, а во интерес на Скопје е Тирана да почне преговори – тоа е добро за земјава, за соседната држава, регионот, но и целокупната геополитичка состојба.

Овие ставови денеска ги изнесоа шефовите на дипломатиите на Австрија и Северна Македонија, Александер Шаленберг и Никола Димитров на заедничката прес-конференција во Министерството за надворешни работи,

На прашањето колку е можно Европскиот совет следната недела во Брисел да ги одвои Северна Македонија и Албанија во однос на датумот за почеток на преговорите австрискиот сојузен министер за Европа, интеграција и надворешни работи, Шаленберг истакна дека не сака да суди за дискусиите што ќе се водат тогаш.

– Нашата позиција како Австрија е јасна. Веруваме дека и двете земји и Северна Македонија и Албанија треба да бидат поканети од страна на Брисел и да почнат преговори – рече Шаленберг.

Димитров нагласи оти на ова прашање може да се одговори од три аспекти.

– Имаме државен интерес соседна Албанија да направи чекор напред ние сме добри соседи, тоа е добро за нас, пред се за Тирана, но и за вкупната атмосфера и геополитичка ситуација на Балканот. Второ процесот на пристапување е процес кој е фокусиран на индивидуално постигнувања и ако правите групи земји се руши логиката на условеноста на процесот и трето не смееме да дозволиме една да биде жртва на другите, две е подобро од една, меѓутоа една е подобро од нула, што е неуспех и за самата ЕУ и може да ја урне самата политика на проширување – истакна Димитров.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...