Гутереш: Сириската влада е должна да овозможи непречена работа на ОПЦВ

53
Photo: EPA / JUSTIN LANE

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска ја повика сириската Влада да им овозможи на меѓународните инспектори за хемиско оружје работа без ограничувања.

– Сириската Влада е должна да им ги овозможи сите услови за работа без никакви ограничувања – соопшти Гутереш.

Тој не потврди дека инспекторите успеале да влезат во сирискиот град Дума, но на новинари од Саудиска Арабија им рекол дека ОН направиле се „за да им обезбедат на експертите на ОПЦВ да стигнат до Дума што побрзо“.

Претходно, сириски медиуми јавија дека инспекторите од ОПЦВ влегле во Дума поради истражувања на нападот со хемиско оружје извршен на 7 април.

Фото: EPA/JUSTIN LANE

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...