Ѕвездата од филмовите за возрасни Бритни Де Ла Мора (32) се најде во центарот на вниманието поради изјави дека сака да стане евангелски проповедник. И стана.
Иако од порнографијата годишно заработувала околу 400.000 евра, работејќи под името Џена Присли, таа ја напуштила порно-индустријата и се свртела кон верата. Долги години била зависна од дрога, но животот ѝ се сменил кога „го пронашла Господ“.
– Бев една од најатрактивните порно-актерки. Се обидував да ја напуштам индустријата без помошта од Бог, но не можев, бидејќи во реалниот живот Бог и порно-филмовите не се поврзани. Имав многу пари, но мака мачев со плаќањето на киријата за станот бидејќи бев зависна од дрога – изјавила Бритни, која трошела илјадници долари месечно за да набави дрога.
Откако се извлекла од порно-индустријата, Бритни работи како агент за недвижности, а со сопругот е многу активна во работата на црквената заедница. Имаат и деца.
Често оди на конвенции за индустријата за возрасни на кои држи говори за верата, а пред две години покрена и блог на кој пишува текстови со кои сака да им помогне на актерите и ѕвездите во порно-филмовите да успеат да заминат од таа индустрија и да започнат да работат друга работа.
FOTO: Printskrin/Pinterest