Џонсон побарал од Аркјури да му „покаже нешто“ на шипка (ВИДЕО)

Таа додаде дека премиерот ѝ рекол да „му покаже некои работи“ на шипка која ја имала во нејзиниот дом во Лондон.

373
ФОТО: МИА

Џенифер Аркјури одби да каже дали имала афера со британскиот премиер Борис Џонсон, пренесува „Метро“.

– Не треба да го интересира никој што ние сме имале или не сме имале. Борис никогаш не ме фаворизираше – рече американската бизнисменка.

Зборувајќи на „Good Morning Britain“, таа кажа дека не сака ниту еден одговор што ќе го даде да биде искористен против премиерот.

Таа сугестираше дека прашањата за нивната врска се претвориле во сексизам, прашувајќи го Пирс Морган:

– Дали би сакал јас да те прашам тебе за твојот сексуален живот? Првата реакција е да се одрече се. Кога видов како бев објективизирана и пишувана по медиуми … Ако изгледав поинаку или ако бев машко, немаше да биде вака.

Таа додаде дека премиерот ѝ рекол да „му покаже некои работи“ на шипка која ја имала во нејзиниот дом во Лондон.

Заедно со Џонсон „постојано се смееле за тоа“.

– Шипката стоеше во дневната соба, да, тој ја виде – рече Аркјури.

На прашање дали Џонсон ја користел таа шипка, таа одговори со „никогаш нема да ви го кажам тоа“.

Аркјури опиша и како се зближила со Џонсон, разговарајќи за класичната литература, вклучувајќи го и Шекспир.

Според нејзините зборови, Борис Џонсон го посетил нејзиниот стан повеќе пати.

– Се обидовме да пиеме пијалок во јавноста, се обидовме и да ручаме. Но, потоа му реков „мора да доаѓаш кај мене во канцеларија“ – додаде Аркјури.

Одговарајќи на прашање, таа кажа дека нејзината канцеларија е во нејзиниот стан.

Аркјури рече дека никогаш не разговарала за грантови или спонзорство со Џонсон.

– Дали мислите дека јас би му го трошела времето зборувајќи за овие работи? – одговори Аркјури на прашањето дали побарала пари од Џонсон за спонзоство.

Таа искористила 10.000 фунти дадени на нејзината фирма од Лондон и партнерите за настан кој Аркјури го организирала во 2013 година.

– Го направив да биде супер, многу секси – додаде таа.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...