БК Чаир македонски шампион во бокс, Шкендија Но Лимит прва кај младинците

62
ФОТО: МИА

Боксерскиот клуб Чаир е нов шампион, откако викендот во Штип беше најуспешен во последното 6. коло од Првата македонска лига.

На крајот на првенството, БК Чаир освои вкупно 65 бодови. Второто место  го освои БК Пелистер 2007  со 48, на третата позиција заврши БК Универзалци од Скопје  со 42 бода.

Во младинска конкуренција, БК Шкендија Но Лимит е шампион на Македонија со убедлива предност во однос на конкуренцијата. Клубот од Тетово освои 83 бода, на второто место заврши БК АС од Прилеп со 50 бодови, на третото место оваа сезона се пласираа младите боксери на Борец од Велес со 39 бода.

Со натпреварите во Штип заврши сезоната во екипното првенство, викендот на 19 и 20 октомври ќе се одржи поединечното првенство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...