За само неколку часа откако професорката Тања Каракамишева објави членска книшка од СДСМ која гласи на име Митко Јанчев, тој до редакцијата на Фокус доставил фотографија со истиот сериски број на членската книшка, а на неа стои името на Катица Јанева.
Јанчев вчера имаше и демант, посочувајќи дека уште од датумот на раѓање се гледа дека фотографијата од наводна негова членска книшка од СДСМ е фалсификат.
„Фотографијата која излезе денеска во јавноста со наводна моја членска книшка е тотален фалсификат. Мојот датум на раѓање е 01.11.1981 година,што е прв показател дека тоа е лажна фотографија. Поради овие невистиним барам јавно извинување во спротивно ќе постапам согласно законот“, објави Јанчев.
Фотографијата можете да ја погледнете ТУКА.