Дел од оградата е уништена во паркот за миленици спроти Веро 2 во населбата Козле, откако вчеравечер некој на местото влегол со автомобил
Читател кој ни ја испрати фотпграфијата наведува дека загрижени граѓани се обиделе да го контактираат скопскиот градоначалник Петре Шилегов, но, тврдат, и покрај тоа што ја видел пораката, не одговорил на прашањето, дали оградата ќе се санира имајќи предвид дека се работи за еден од најголемите и најпосетуваните паркови за миленици.