Енис Барди поради повреда не е во можност да биде дел од македонската фудбалска репрезентација за претстојните натпреварите од квалификациите за ЕУРО 2020.
Селекторот Игор Ангеловски дополнително ги повика Ѓорѓи Стоилов од Академија Пандев и Марио Младеновски од Вардар. Двајцата ќе се бидат дел од првиот собир на репрезентацијата закажан за утре.
Македонската репрезентација најпрво ќе игра против Словенија на 10 октомври на Националната арена „Тодор Проески”, а три дена подоцна ќе гостува во Полска.