Сара Џесика Паркер: „Медена земја“ е еден од најдобрите кандидати за „Оскар“

1172

Познатата актерка Сара Џесика Паркер на својот инстаграм профил изрази воодушевување од македонскиот документарен филм „Медена земја“.

„Медена земја“ е неверојатна, визуелено зачудувачка, епска а сепак интимна приказна за пчеларката Атиџе Муратова. Жена која нема никогаш да ја заборавам!“, напиша Паркер.

Холивудската актерка филмот го погледнала во Quad Cinema во Њујорк и истакна дека филмот е еден од најдобрите номинирани за „Оскар“.

„Медена земја“ вечерва е на „Киненова“, а се прикажува и во Куманово, Битола, Свети Николе. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...