Британската пејачка со албанско потекло Дуа Липа, веќе неколку месеци е во врска со младиот брат на познатите манекенки Џиџи и Бела Хадид, Анвар.
Младиот пар неодамна бил фотографиран во Њујорк додека шетале по Менхетн.
Дуа неодамна се одлучила за промена, и својата црна коса ја обоила во жолтеникаво-руса нијанса (истата боја за коса може да се забележи и кај нејзиното момче), што на нејзините обожаватели не им се допаднало воопшто.
„Изгледаш многу лошо“, „Си се уништила“, „Врати ја старата боја“, „Многу неуредно“, се некои од коментарите кои кружат на социјалните мрежи.
ФОТО: EPA / FACUNDO ARRIZABALAGA
FOTO: Printskrin/Instagram