Здравство: Трансфузиологија има доволни количества фактори за коагулација

115

Институтот за трансфузиона медицина располага со доволни количества од факторите на коагулација за возрасните лица болни од хемофилијa. Сите центри и региони во Македонија за трансфузиона медицина располагаат со потребните количини на фактори на коагулација до крајот на годината. Дополнително, во рамките на Централна Аптека при Институтот за трансфузиона медицина, се располага со доволни количества на резерва на фактори на коагулација доколку се појави дополнителна потреба за покривање, велат од Министерството за здравство.

– Децата кои се на профилакса ќе бидат покриени со соодветната терапија со цел да не се доведе ниту еден живот во опасност. Министерството за здравство остварува чести средби со таргетираните групи и останува отворено за соработка, со цел решавање на проблемите со кои се соочуваат, велат од Министерството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...