Славната австралиска пејачка и кантавторка Сиа (43) на својот Твитер-профил открила дека боледува од тешка невролошка болест Ehlers-Danlos синдром.
Сиа не сака на јавноста да ѝ ја открива својата интима, но тоа овојпат го направила за да им помогне на другите коишто боледуваат од истата болест како и таа.
Станува збор за наследна болест на колагенот, која се карактеризира со прекумерна подвижност на зглобовите, преголема растегливост на кожата и кревкост на сите ткива.
„Еј, трпам хронична болка предизвикана од невролошката болест, Ehlers-Danlos синдром и само сакам на сите вас кои трпат болка, без разлика дали е физичка или емоционална, ве сакам, продолжете понатаму да се борите. Животот е тежок. Болката деморализира и не сте сами“, напишала пејачката.