Босанска пејачка уапсена за убиство, сама се пријавила во полиција, донесена во гипс ФОТО

Очигледно се повредила додека била во бегство, со оглед на тоа што двете нозе ѝ се во гипс, пишува порталот „Klix.ba“, додавајќи дека е очигледно дека имала помагачи, бидејќи по немилиот настан на Буна успеала да стада во Турба кај Травник. 

3646

Сунита Хиндиќ-Бошњаковиќ е осомничена за убиството на добро познатиот сопственик на ресторан, Нино Иванковиќ од Буна кај Мостар.

Сунита се предаде на полицијата во местото Тербет кај Травник по еднодневната потрага.

Завчера рано наутро, во вилата Иванковиќ во Буна кај Мостар било пронајдено безживотното тело на Нино Иванковиќ.

Пронајден е пиштол до телото, па затоа првично се претпоставувало дека е самоубиство. Сепак, наскоро, полицијата објавила различни информации.

– Ова е насилна смрт, се води полициска истрага. Го добивме извештајот околу 7:30, во Јужната полициска станица. Според првите официјални информации, смртта се случила како резултат на истрел со огнено оружје – рекол Људевит Мариќ, портпарол на полицијата на Херцеговина за округот Неретва.

Полицијата за  убиството на 55-годишниот бизнисмен ја осомничи 21-годишната Сунита Хиндиќ Бошњаковиќ. Според извештаите на медиумите во Босна и Херцеговина, таа од порано ѝ е позната на полицијата, заради насилно однесување, пренесува „Слободна Далмација“.

Последниот инцидент датира од 1 мај годинава кога вербално, а потоа и физички нападна хрватски државјанин

Сунита стана позната по своите полуголи фотографии, кои ги објави на различни социјални мрежи и се пофали со титулата Мис Херцеговина – Каунти Неретва.

Пробала да се занимава и со музика, снимајќи неколку песни. Некои полициски извори ја поврзуваат и со проституцијата.

Таа, наводно, го застрелала Иванковиќ со повеќе куршуми во грбот и набргу избегала. Се тврдело дека има помагачи, но дека не ја напуштила БиХ.

Вчера беше извршена обдукција за убиениот Нино Иванковиќ, по што ќе бидат познати повеќе детали.

Очигледно се повредила додека била во бегство, со оглед на тоа што двете нозе ѝ се во гипс, пишува порталот „Klix.ba“, додавајќи дека е очигледно дека имала помагачи, бидејќи по немилиот настан на Буна успеала да стада во Турба кај Травник.

Фотографиите можете да ги погледнете тука.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...