За време на средба со кандидатите на Српската листа во Белград, претседателот на Србија, Александар Вичиќ прочита неколку реченици на албански јазик од документ од Централната изборна комисија на Косово.
– Листа на кандидатите на политичките субјекти – се слуша како на албански вели Вучиќ во видеото, пренесува Топ чанел.
Веднаш по тоа, претседателот му се обраќа на новинарот од Косово, Идро Сефери и го прашува дали изговорил како што треба или не
– Сефери дали го изговорив добро? – прашува Вучиќ.