Во септември од 10 диви депонии, Општина Центар собрала 30 тони отпад.
Како што информираат од општината, заложбите за почиста и поздрава животна средина се реализираат со акциите на службата за одржување на хигиената во центарот на градот, кои продолжуваат и во наредниот период. Се расчистуваат дивите депонии и се собира кабастиот отпад во сите делови на Општина Центар.
Од Општина Центар апелираат ѓубрето и отпадоците да се остава во назначените места за таа намена, затоа што чистата околина и здравата животна средина се придобивки за сите нас.