Трамп забрани влез на бегалци без здравствено осигурување

152
ФОТО: EPA / Chris Kleponis / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша регулатива со која им се забранува влез на мигрантите кои нема да бидат покриени со здравствено осигурување 30 дена од влезот во САД или немаат пари сами да ги платат своите здравствени трошоци.

Белата куќа наведува дека тоа нема да влијае врз можноста за добивање статус на азил или бегалец.

Мерката стапува во сила на 3 ноември.

Администрацијата на Трамп минатиот месец соопшти дека планира во фискалната 2020 година да дозволи во САД да влезат само 18.000 бегалци.

– Со оглед на тоа што нашиот здравствен систем се соочува со предизвици, американската Влада дополнително го отежнала проблемот со прифаќање на илјадници странци кои не биле во можност да платат за нивните здравствени трошоци – рече Трамп.

Тој додаде дека суспензијата се однесува само на лица што сакаат да влезат во САД со имигрантска виза.

Во документот се наведуваат видовите на осигурување што се сметаат за одобрени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...