Лекарската комора го осуди нападот на лекарот во Кочани

132

Лекарската комора на Македонија најостро го осудува вчерашниот инцидент во Општа болница – Кочани и бара целосно расветлување на случајот и адекватно санкционирање на напаѓачот на доктор на неговото работно место во моментот кога тој посветен на својата професија се грижи за пациентите, соопшти Комората.

–  Апелираме здравствените власти и раководителите на здравствените установи да преземат дополнителни мерки и активности, посебно за дежурните служби и во ноќните часови, со кои на докторите ќе им се обезбеди соодветна заштита и услови за нормална работа – велат од Комората.

Комората смета дека насилството над докторите не смее да се толерира, а во таа насока минатата година започна кампањата „Стоп за насилството во здравството” која се реализира како заедничка активност на коморите од областа на здравството, Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на Република Македонија и Министерството за здравство.

Комората смета дека плановите за спречување на насилството врз докторите на медицина и стоматологија, фармацевтите, медицинските сестри, техничари, акушерки и другите здравствени работници мора да се изработуваат на национално ниво, но и во здравствени установи, додека инцидентите на насилство мора да бидат документирани преку систем кој ќе биде обезбеден од страна на владата и здравствените установи.

Заложбата на Комората е за јасна и транспарентна акција која нема никаква толеранција за насилство насочено против лицата кои даваат здравствени услуги, а тоа, мора да се воведе на сите нивоа во секторот на здравствена заштита и јавно да се поддржува.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...