Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, изјави дека не се плаши од критиките што ги добил последните недели.
Белгиецот е дефинитивно вон форма, прима многу голови и се зборува дека би можел да ја загуби стартната позиција на штета на Алфонс Ареола.
– Ако сакате да бидете голман на Реал Мадрид, мора да можете да се справите со тензите и да ги прифатите, изјави фудбалерот за весникот „Марка“.
Засега се чини има голема веројатност Куртоа да го пропушти судирот против Гранада во текот на викендот за сметка на Ареола, а исто така ќе подлежи и на специјална диета за чистење на неговото тело. Во натпреварот против Бриж тој добил труење од храна и акутен гастроентеритис, а откако бил заменет на одмор изгубил 3 килограми во тежина за само неколку часа.