Прв турнир во Македонија под покровителство на Светската пинг понг федерација (ИТТФ)

Над 100 учесници и 50 официјални лица од повеќе од 20 земји од светот (Шведска, Индија, Норвешка, Шпанија, Италија, Словачка, Чешка, Хрватска, Перу, Србија, Бугарија итн) се очекува да да се борат за титулите на овој турнир.

113
ФОТО: МИА

Скопје од 8 до 12 октомври во СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде домаќин на ИТТФ Светската јуниорска и кадетска серија од челенџ турнири во пинг понг.

По одржувањето на Балканското првенство во Скопје во јуни годинава, со рекорден број држави учесници – 12, пингпонгарската федерација на РСМ се подготвува за организацијата на првиот турнир под покровителство на ИИТФ, отвореното првенство за јуниори и кадети.

Над 100 учесници и 50 официјални лица од повеќе од 20 земји од светот (Шведска, Индија, Норвешка, Шпанија, Италија, Словачка, Чешка, Хрватска, Перу, Србија, Бугарија итн) се очекува да пристигнат во Скопје и да се борат за титулите на овој турнир како и за паричниот и непаричниот фонд на награди (4000 долари и 4 врвни телефонски апарати), обезбедени од организаторите и спонзорите на турнирот.

Доаѓањето на високи официјални лица од Светската и Европската пинг понг федерација во време на турнирот, претседателот Томас Вајкарт (ИТТФ) и Претседателот Роналд Крамер (ЕТТУ) како останати официјални лица и професионалци треба да обезбеди дополнителен мотив за развојот на пинг понгот во државата.

Од нашата земја ќе учествуваат вкупно 21 млади пинг понгари, а додека траат подготовките за овој турнир, нашите млади репрезентативци се присутни на неколку турнири од оваа светска серија кои се организираат во Словенија, Хрватска и Србија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...