Надал се откажа од „Мастерсот“ во Шангај

Победникот на Ролан Гарос и „Ју Ес Опен“ оваа година го повреди зглобот за време на „Лејвер Купот“ во средината на септември и оттогаш се лекува.

149
ФОТО: EPA / JASONS SZENES

Претендентот за број еден на крајот на годината, Рафаел Надал, пропушта важен турнир со кој би можел да заработи многу поени во борбата против Новак Ѓоковиќ за лидерската позиција на АТП листата. Шпанецот одби да учествува во „Мастерсот“ во Шангај, кој започнува следната недела.

Победникот на Ролан Гарос и „Ју Ес Опен“ оваа година го повреди зглобот за време на „Лејвер Купот“ во средината на септември и оттогаш се лекува. Тој јасно не успеал да се опорави и ќе одмора одреден период.

– Жал ми е што нема да можам да играм во Шангај оваа година. Тоа е одличен турнир во еден од најспецијалните градови во светот. Го повредив зглобот за време на „Лејвер Купот“. Не можев да се опоравам и да се подготвам правилно за овој прекрасен турнир. Се надевам дека ќе се вратам во 2020 година, изјави Надал за официјалната веб-страница на турнирот.

Неговото евентуално враќање на теренот се очекува за Мастерсот во Париз кон крајот на октомври, а потоа и на завршниот АТП турнир во Лондон.

Освен Матадорот, еден куп познати имиња пропуштаат натпревари во Шангај. Повредени се Кеј Нишикори, Хуан Мартин дел Потро, Кевин Андерсон, Милош Раониќ и Стен Вавринка, а Ник Кириос е казнет со парична казна.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...