Претседателот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети го поздравува денешниот Извештај за напредок објавен од г-ѓа. Могерини и г.Хан во Брисел, со посебен акцент на безусловната Препорака за почеток на разговорите со Европската Унија, соопшти кабинетот на Ахмети.
– Реформското парламентарно мнозинство успеа да ги исполни итните очекувања на официјален Брисел, на меѓународните пријатели и на граѓаните, но не застануваме тука – вели Ахмет.
Претседателот на ДУИ изрази задоволство од реализацијата и напредокот на системските реформи во земјата, што денеска беше награден од Брисел, но додаде дека има уште работа за добивање на датум за почеток на преговорите со ЕУ.
– ДУИ вети дека ќе продолжи со реформите и за зајакнување на напорите за целосно владеење на правото како и за борба против корупцијата и организираниот криминал. Храброста за решавање на отворените прашања се наградува, затоа храбро ќе продолжиме во периодот пред нас и кон решавање на спорот со името како наша последна пречка кон ЕУ и НАТО – вели Ахмети.