Љубе Бошкоски доби ослободителна пресуда во „Ровер“

562

Љубе Бошкоски доби ослободителна пресуда за случајот „Ровер”, кој се однесува на убиството на Маријан Тушевски и Киро Камев во 2001 година, кога тој беше министер за внатрешни работи.

Тој со првата пресуда беше осуден на 10 години и 6 месеци. Покрај него, уште шестмина добија ослободителна пресуда: инспекторот Зоран Трајковски, Сашко Јовановски, Ивица Ристиќ, Гоце Митревски, Никола Негриевски и Вук Вукичевиќ. Тие се товареа како помагачи и како лица од МВР кои не го расчистиле случајот.

Тројцата Срби, обвинети за директни извршители, добија доживотни затворски казни: Предраг Чубрило, Милан Илиќ и Милорад Ковачевиќ.

На денешната пресуда, која не е правосилна, странките имаат право на жалба. Пресудата е трета по ред откако по претходните две, кои беа осудителни, Апелација го враќаше предметот на повторно судење.

Предметот по судници се влече околу седум години. Во „Ровер’ беа обвинети 10 лица, од кои тројца Срби, кои се осудени на доживотен затвор се товареа за директни извршители, додека останатите се гонеа како помагачи и како дел од тогашно МВР дека намерно не го раслистиле случајот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...