Денеска ќе почнат градежни активности на магистралниот пат А2, на делницата Гостивар-Кичево, на потегот од наплатната станица Гостивар до мостот кај село Здуње.
Градежните активности ќе се одвиваат во траење од 60 дена. Поради тоа ќе има промена на режимот на сообраќај, соопшти „Виадукт трејд“.