Аеродром доделува субвенции за инвертер-клими

238

Општина Аеродром денеска објави јавен повик за надоместување на дел од трошоците направени при набавка на инвертер-клими, што ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Жителите што купиле или ќе купат инвертер-клими во тековната 2019 година најдоцна до денот на траење на јавниот повик заклучно до 18 октомври, можат да достават барање за поврат на средствата во висина од 50 отсто, но не повеќе од 15 илјади денари по домаќинство со вклучен персонален данок на доход.

Потребни документи за аплицирање се:

  1. Барањеза надоместок (Барањето може да се подигне во Општина Аеродром или од веб-страницата на Општина Аеродром http://www.aerodrom.gov.mk/vest/2263);
  2. Фотокопија од важечка лична карта на барателот;
  3. Имотен лист за објектотсо адреса на подрачјето на Општина Аеродром;
  4. Доказ дека е извршено купување инвертер-клима, и тоа оригинал фискална сметка или фактура и извод од деловна банка со датум во период од почетокот на календарската 2019 година до денот на завршувањето на јавниот повик;
  5. Фотокопија од трансакциска сметка;
  6. Потврда за платен данок на имот за станбен објект каде што е инсталирана климата, заклучно со 2018 година;
  7. Изјава (примерок од изјавата може да се подигне во Општина Аеродром) со која барателот под полна материјална и кривична одговорност ќе потврди дека:

– до поднесувањето на барањето бил корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут,

-објектот во кој е/ќе се инсталира инвертер-климата не е во фаза на градба,

– во домаќинството да нема друг член што поднел барање за добивање субвенција,

– во станбениот објект каде што е инсталирана или ќе се инсталира инвертер-климата нема приклучок кон градско централно греење, без оглед на тоа дали го користи.

Документацијата се поднесува во архивата на Општина Аеродром во затворен плик со намена за „Јавен повик за субвенции за инвертер-клими“ со назнака НЕ ОТВОРАЈ.

Општина Аеродром субвенционира набавка на инвертер-клими со цел да ги стимулира жителите (домаќинствата) за намалување на загадувањето од затоплувањето на домовите, за да се намали нарушувањето на квалитетот на амбиентниот воздух во градот и да се зголеми бројот на граѓани што ќе се одлучат да инвестираат во средства за нов начин на греење, односно поттикнување за примена на поквалитетни уреди за греење.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...