Снимката од апсењето на холивудската ѕвезда го обиколи светот ФОТО+ВИДЕО

Актерката најпозната по улогата во култната тинејџерска комедија „Clueless“ се нафрлила на сопругот по гласна расправија,

6978

Актерката Стејси Даш е уапсена на Флорида поради насилничко однесување, напад и удирање на својот сопруг Џефри Марти. До ова дошло по „вербална препирка“ во која учествувале и двајцата, како и нивните деца, наведува полицијата.

Славната 52-годишна актерка, најпозната по улогата во култната тинејџерска комедија „Clueless“ се нафрлила на сопругот по гласна расправија, а тој завршил со огромни гребаници на левата надлактица.

Стејси била одведена во притвор и немало понатамошни инциденти, но снимката од нејзиното апсење го обиколи светот. На неа, таа изгледа многу потресено, а се обидела да ѝ објасни на полицијата и дека е актерка и дека “некое време дури се занимавала и со политика”.

Даш се бранела пред полицијата откако Џефри насилнички ѝ ги ставил рацете околу вратот.

„Сите се каравме и ја замолив неговата ќерка да се тргне од мене. Ја турнав од себе. Потоа тој ми ги стави рацете околу врат. Сакате да ги видите трагите околу мојот врат?”, се слуша на снимката од телефонскиот разговор кој полицијата го објавила пред да дојде на лице место.

Инаку, Стејси еден период беше и водителка на вести во телевизијата „Фокс“, но во 2015 година беше суспендирана откако јавно го навреди Обама. Во февруари 2018 година, актерката поднесе и кандидатура за место во конгресот на Јужна Калифорнија, но еден месец подоцна се предомислила со аргумент дека таа функција „би била штетна за здравјето и добробитот на нејзиното семејство“.

Даш ја поминала ноќта во притвор, а следниот ден била пуштена со кауција од 500 долари.

Видеото можете да го погледнете тука.

Stejsi Daš nakon privođenja

Image result for Stacey Dash

FOTO: Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...