Славниот холивудски актер бил виден во друштво на милијардерката Лорен Пауел Џобс на излегување од ресторан во Лос Анџелес, а иако извори блиски на Афлек и Џобс тврдат дека тие се само пријатели, по допирите и говорот на телото можело да се заклучи дека тука има нешто повеќе од само пријателство. веднаш почнаа озборувања дека меѓу нив има повеќе од пријателство.
Веднаш почнале шпекулациите дека сопругата на починатиот Стив Џобс и актерот се во врска.
– Тие се пријатели долго време – открил извор близок на Афлек и Лорен Пауел Џобс, тврдејќи дека тука станува збор исклучиво за пријателство, но говорот на телото зборува дека има многу повеќе.
Нивното познанство почнало кога актерот го основал Eastern Congo Intiative, додека Лорен Пауел Џобс се занимава со филантропија од 2010 година. Вдовицата на основачот на „Епл“, Лорен, била снимена со Афлек во омилениот ресторан на славните личности „Џорџо Балди“, во Санта Моника.
Во ресторанот влегле одделно влегле, а подоцна и излегле секој сам, тие поминале дури три часа уживајќи во деликатесите, како и во разговорот. Во истиот ресторан пред само неколку недели била видена и поранешната сопруга на Бен Афлек, Џенифер Гарнер, која пристигнала таму со своето момче.
FOTO: Instagram/Printskrin