Кабинетот на шефот на државата Стево Пендаровски му се извинил на кабинетот на црногорскиот претседател, Мило Ѓукановиќ, поради погрешно поставено знаме за време на тет-а-тет средбата меѓу двајцата претседатели.
За ова преку написи алармирале црногорските медиуми кои пишуваат дека на средбата Пендаровски – Ѓукановиќ, црногорското знаме е поставено наопаку.
– Направен е ненамерен превид за време на поставување на црногорското знаме на тет-а-тет средбата меѓу двајцата претседатели, стои во извинувањето, пренесува portalanalitika,me