Соединетите Американски Држави ѝ доделија на Албанија дополнителни 920.000 долари за подобрување на Акцискиот план за затворите за 2019 годна.
– Подобрениот затворски систем е од суштинско значење за континуираните напори на Албанија за зајакнување на владеењето на правото и борбата против организираниот криминал. На 1 октомври, Соединетите држави издвоија дополнителни 920.000 американски долари за поддршка на програмите за спроведување на законот во Албанија, зголемувајќи ја вкупната американска поддршка на 5,1 милиони американски долари – стои во соопштението објавено на официјална страница на Фејсбук на американската амбасадата во Тирана.
Според тиранската телевизија Топ чанел, Албанија се подготвува да го стави во функција режимот 41 бис, во два затвора, оној во Пеќин и 313 во Тирана, каде ќе бидат сместени најопасните криминалци.
Генералниот директор на затворите, Агим Исмаили, за телевизијата изјавил дека покрај засилените безбедносни услови,акцискиот план предвидува и дополнителна обука за полицајците кои ќе ги чуваат затворениците 41бис.
Затвореникот кој ќе биде сместен во режим 41 бис ќе биде изолиран од сѐ, ќе има еден кревет во просторијата, нема фрижидер и нема телевизор. Покрај традиционалните железни решетки на ќелијата, ќе има и железни решетки на прозорците.