Директорка на детска градинка „Мајски цвет“ во општина Карпош, чиј мандат истекувал на 16.01.2014, како што соопшти денеска МВР, со цел да си овозможи продолжувањето на извршувањето на функцијата директор, на 11.12.2013, самоволно и без основ, односно без одлука од управниот одбор, извршила сторнирање на претходно објавениот оглас за избор на нов директор на установата, преку доставување писмени барања, потпишани од неа, до дневните весници каде што претходно бил објавен огласот, информира МВР
На тој начин, продолжувајќи со извршување на функцијата, С.П.Р.(65) од Скопје си овозможила остварување повисоки примања во периодот од 16.01.2014 до 07.08.2018. Во наведениот период таа се стекнала со противправна имотна корист од 990.977 денари.
Поранешната директорка доби кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“.