Скопјанец на возраст од 23 години и неговите три деца од шест, три и двегодишна возраст со повреди биле донесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, вчера во попладневните часови.
Од болницата случајот го пријавиле во полиција, од каде, пак, било констатирано дека таткото и децата се повредиле откако се срушила терасата на која седеле.
Кај тригодишното дете биле констатирани тешки повреди, а таткото и другите две деца биле полесно повредени.