Украинскиот амбасадор го предупредил МНР за лажниот Порошенко, ама не им се чуло во кабинетот на премиерот

766

Mинистерот за надворешни работи Никола Димитров во одговор на прашање од пратеникот Илија Димовски потврдил дека од украинска страна, државата била предупредена дека други лица се преставуваат во име на поранешниот украински претседател, Петро Порошенко. Но, како што рече, пратеникот Димовски на седница на пратенички прашања, никој од кабинетот на премиерот не постапил по овие укажувања, или пак воопшто не ги добиле од МНР, поради што ѝ се случи скандалот со руските пранкери кои неодамна го насамарија премиерот Зоран Заев.

– Станува збор за целосно и комплетна некоординација помеѓу МНР и кабинетот на премиерот на Република Македонија – рече Димовски.

Тој на седница во Собранието го прочита и одговорот од министерот Димитров на пратеничкото прашање „Дали Владата и МНР презеле нешто во врска со укажувањата на поранешниот украински амбасадор дека некој лажно се претставува како Порошенко“ ?

„Во еден од водените службени разговори украинскиот амбасадор предупредил за можноста од злоупотреба на имиња на украински државни претставници за што надлежното лице од МНР и соговорник на украински амбасадор со соодветна интерна постапка и координација по електронски пат ги запознал надлежните и одговорни лица во министерството“, го прочита Димовски одговорот од Димитров.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...